fbpx

Македонец си го уби синот: Тоа што го кажал во полиција е страшно

Семејна трагедија во Шведска ги вознемири жителите, откако на осми јануари во апартман во областа Розенлунд татко посегна по животот на сопственото десетгодишно дете, пред самиот да ја повика полицијата.

Според пишувањата на тамошните медиуми, во првиот исказ наводно признал дека подолг период му доаѓале мисли да го убие синот.

„Полицијата е повикана во областа Розенлунд во 10.55 часот со информација за многу тешко повредено лице во стан. Кога полициските патроли пристигнале, затекнале малолетно момче со повреди опасни по живот и возрасен маж“, пишуваат шведските портали.

Момчето со хеликоптер на брза помош било пренесено во болница, но, подоцна им подлегнал на повредите.

Фокус“ пишува дека деновиве на социјалните мрежи кај нас се актуелни реакции на лица кои го познавале семејството и кои тврдат дека станува збор за луѓе од Кочани кои живееле и работеле во Шведска.

Убиеното момче било нивно единствено дете. Се објавуваат и фотографии од семејството.

Шведските медиуми објавија и репортажа од училиштето каде момчето посетувало настава, како и изјава од директорката на истото.

Таа кажа дека стручни тимови на психолози работат со останатите ученици по трагичниот настан и сите се вознемирени од трагедијата.

Идентитетот на жртвата и на убиецот се’ уште не се објавени во тамошните медиуми, но се објавија фотографии од таткото додека го носат на распит.

Следни Објави

Tрагедија! Загина синот на познатиот македонски политичар

Тажна вест Во два часот по полноќ синоќа се случила трагедија во која животот го загубил младо лице од Вевчани. Станува збор за сообраќајна несреќа со трагични последици. Автомобил, марка Ауди, излетал од патот и се превртел. Животот го загубил возачот на автомобилот. Порталот „Струга експрес“ неофицијално дознава дека возачот […]