fbpx

Познат скопски лик: Еве кој е убиениот македонски државјанин во Ханиоти

Двајца македонски државјани се застрелани, а еден им подлегнал на повредите рано утрово во туристичко место во Ханиоти, Халкидики.

Убиството, според пишувањата на грчките медиуми, се случило во 3 часот и 30 минути по полноќ.

Непознати лица на Халкидики испукале десетици куршуми, во 39-годишен бизнисмен кој бил сопственик на казино во Македонија и го раниле неговиот 45-годишен пријател, пренесуваат тамошните портали.

Убиен е О.Б. попознат под прекарот Оки, а повреден е С.С., двајцата бизнисмени кои биле активни во Македонија со казина и фабрики за пијалоци, посочуваат грчките медиуми.

Тие наведуваат дека се работи за нарачано убиство посочувајќи го убиството од пред неколку месеци во Шиша бар во Старата скопска чаршија.

Се упатува на нарачано убиство, бидејќи пред неколку месеци непознати лица го егзекутирале нивниот партнер, исто така од соседната земја.

Следни Објави

Антониа ги објави првите слики со синот: Одбра необично име со интересно значење

„Ова мало глувче ми докажа за што вреди да живееш“, напиша младата поп-ѕвезда Антониа Гиговска која на својот инстаграм-профил ги објави првите фотографии со синот, по само еден ден од породувањето. На јавноста ѝ откри дека со својот партнер одбрале уникатно име за нивното дете. Киан! Името има повеќе значења-великодушен, […]