fbpx

Прва изјава на Калиопи по трагедијата: Ова е најтажниот ден во мојата кариера

Калиопи конечно се огласи на социјалните мрежи по трагедијата кој се случи вечерва за време на нејзиниот концерт во Белград.

Македонската поп-дива е скршена од болка, откако госпоѓа од Македонија на возраст од околу 70 години вечерва почина за време на нејзиното шоу во МТС салата во српската престолнина.

„Ова е најтажниот ден во мојата кариера. Денес, наместо да го славиме животот на мојот концерт, изгубивме живот. Во мое име и во името на целиот мој тим, изразуваме најдлабоко сочувство до семејството на починатата. Ова е мојата прва и единствена изјава за вечерашниот непријатен и многу тажен настан за сите нас. Се надевам дека мојата публика има разбирање за одложувањето на вечерашниот концерт. Новиот термин наскоро ќе биде објавен“, напиша Калиопи на „Инстаграм“ објавувајќи фотографија со црна позадина.

Да потсетиме, Калиопи неодамна истакна дека доаѓањето во Белград за неа е секогаш посебно.

„Доаѓањето овде секогаш го доживувам одново и секогаш се прашувам што е тоа што може да ме изненади во Белград, а секогаш има нешто. Кога луѓето ќе ме сретнат овде, реагираат многу спонтано, ми се обраќаат како на свој, како да се познаваме, како стари познаници и тоа е она што најмногу ме импресионира. Тогаш знам дека се’ што сум направила за четири децении работа и понатаму остава трага. Драго ми е што чувствуваат потреба да ми пријдат и да кажат збор, во тој момент се чувствувам привилегирана и благословена“, изјави таа.

Следни Објави

Македонија тагува по омилената професорка: Колегите се простуваат од нивната Жане

По долго и тешко боледување, на 67-годишна возраст почина проф. м-р Жана Димчевска. Таа беше редовен професор на Факултетот за музичка уметност. Родена во Скопје. Средното музичко образование го завршува во Скопје, на инструментот виолончело кај светски реномираниот виолончелист и педагог Андре Навара од Франција. Високото образование го стекнува на […]