fbpx

Се сметало за проклето, а многу Македонки го носат: Ова е најчестото име кај нас

Едно од најчестите женски имиња во светот е Марија. За ова име многу често се одлучуваат и македонските родители и има различни варијанти од истото.

Марија (Мајката на Исус) симболизира чиста и длабока љубов. Во оригиналниот хебрејски јазик името е Миријам, а нашата форма е Марија според латинското Марија. Самото значење на името не е разјаснето. Според една понова интерпретација изведено е од египетското „mry“ што значи „љубена“, односно „љубена од Бога“.

Според постари толкувања, името е изведено од хебрејските „мир“ (горчливо) и „јам“ (море), па значењето би било „горчината на морето“. Според толкувањето на Евзебиј Цезарески, името значи „капка море“ кое потекнува од хебрејските „мар“ (капка) и „јам“ (море). 

Поради големата почит кон Богородица, во католичките земји, до 15 век, името Марија било забрането да се користи како име за крштевање. Во времето на реформацијата, католиците сè повеќе го избирале името Марија како симбол.

Името Марија е застапено во сите земји од Европа, Северна и Јужна Америка и делови од Азија. Особено во Шпанија и во латинскиот дел на Америка се издвојува богатиот репертоар на женски имиња инспирирани од култот на Мајката Исусова.

Името често се појавува во врска со други имиња: Ана Марија, Марија Магдалена и слично. Други форми на името Марија се Маријела, Маријета, Мари (ј) ола, Марика, Маруша, Маша, Ми (ј) а, Ри (ј) а, Мајда, Мара, Маре, Марица, Марта, Мина..

Следни Објави

Сопругот Игор ѝ почина на раце два месеца по венчавката: Пејачката неутешна

Гога Секулиќ во 2013 година се омажи за Игор Рамовиќ кој почина два месеци откако го изговорија судбоносното „ДА“. Нејзиниот животен сопатник ја загуби битката со опасната болест, а познатата пејачка на само 36 години остана вдовица. „Набргу по венчавката, Игор почувствува силни болки во стомакот. Се јави на лекар, […]