fbpx

Почина жена на концертот на Калиопи: Пејачката не може да се соземе, очевидци сведочат

Госпоѓа од Македонија на возраст од околу 70 години вечерва починала на концертот на нашата поп-дива Калиопи во салата на МТС, информираат српските медиуми.

Несреќната жена, која на концертот пристигнала со пријателки и со ќерката, наеднаш изгубила свест и колабирала, поради што веднаш била повикана брзата помош. За жал, и немало спас.

„Калиопи не може да се соземе по трагедијата. Постојано плаче. Концертот е одложен“, пишува „Гранд нова“.

Полицијата во моментов е на местото на настанот, а како што пренесуваат медиумите, пејачката моментално дава изјава.

Да потсетиме, Калиопи неодамна истакна дека доаѓањето во Белград за неа е секогаш посебно.

„Доаѓањето овде секогаш го доживувам одново и секогаш се прашувам што е тоа што може да ме изненади во Белград, а секогаш има нешто. Кога луѓето ќе ме сретнат овде, реагираат многу спонтано, ми се обраќаат како на свој, како да се познаваме, како стари познаници и тоа е она што најмногу ме импресионира. Тогаш знам дека се’ што сум направила за четири децении работа и понатаму остава трага. Драго ми е што чувствуваат потреба да ми пријдат и да кажат збор, во тој момент се чувствувам привилегирана и благословена“, изјави таа.

Следни Објави

Прва изјава на Калиопи по трагедијата: Ова е најтажниот ден во мојата кариера

Калиопи конечно се огласи на социјалните мрежи по трагедијата кој се случи вечерва за време на нејзиниот концерт во Белград. Македонската поп-дива е скршена од болка, откако госпоѓа од Македонија на возраст од околу 70 години вечерва почина за време на нејзиното шоу во МТС салата во српската престолнина. „Ова […]