fbpx

Ја криеше трагичната вест, естрадата во солзи: Почина ќерката на познатиот музичар

Крис Стајн, гитаристот на легендарниот рок-состав „Блонди“ преку „Фејсбук“ им соопшти на своите обожаватели дека неговата ќерка Акира починала во мај.

„Ја загубивме нашата ќерка и сестра Акира на крајот на мај од предозирање. Постирав како и вообичаено затоа што така си го одвлекував вниманието од трагедијата“, им напиша Стајн на фановите.

Тој во официјалното обраќање вели дека иако не сака да споделува со јавноста работи од приватниот живот, свесен е дека Акира им била важна на многу луѓе.

„Таа беше прекрасна личност. Неколку години водеше тешка битка, која на крајот ја изгуби“, дополнува тој.

„Барбара и јас продолжуваме напред, но се откорна огромен дел од нашите души. Запомнете! Бидете љубезни еден кон друг, а вие млади избегнувајте ја таа проклета замка“, порачува.

Борејќи се со демоните на својата ќерка, Стајн не беше дел од „Блонди“ изминатата година. На негово место во бендот свиреше поранешниот член на „Секс Пистолс“, Глен Марлок, пренесува „Енеми“.

Следни Објави

Уапсен е млад Македонец: Има само 22 години, тоа што го криел е страшно! (ФОТО)

Припадници на Министерството за внатрешни работи во српскиот град Шид уапсија македонски државјанин. Станува збор за 22-годишниот В.Б., за кој постојат основи на сомневање дека сторил кривично дело недозволено изработување, држење, носење и тргување со оружје и распрскувачки материјали. Кај осомничениот, полицијата кај Батровац пронашла 313 куршуми со различен калибар. […]