Почина борачот на златната генерација на Бучим од Радовиш, Дане Вучков.
Тажната вест ја соопштија од „Ипон.мк“, единствениот специјализиран портал за боречки вештини во Македонија.
Вучков беше дел од генерацијата која го прослави македонското клупско борење и активен чинител на успехот на Боречкиот клуб „Бучим-Јака“ до европското злато во 1995-та и светското злато во 1996-та година.
На патот кон светската титула Бучим славеше против унгарската екипа Чепел, турскиот клуб Тедаш и легендарниот американски шампион Дејвид Шулц, афирмирајќи ја Македонија со светски спортски успех, претворајќи го личниот сон во колективен и национален, пишува „Ипон.мк“.
Дане беше неизоставен дел од екипата, тешкаш кој носеше клучни победи. Вучков е повеќекратен шампион на Македонија и во поединечна и во екипна конкуренција.