fbpx

Се разведува познатата естрадна двојка: По 22 години брак, сега дефинитивно е крај

Се разведуваат Анета и Џими Мицевски, тврди порталот „Свет Австралија“ повикувајќи се на сигурни извори.

Познатата естрадна двојка наводно повеќе не живее заедно, но останала во добри професионални односи поради веќе закажаните настапи кои мора да се одработат. Наводно групата „Молика“ е букирана до август наредната година.

„Се шпекулира дека причина за разводот е трето лице, но таквите инсинуации ќе почекаме да бидат потврдени или демантирани од причина што Анета засега останува неизјаснета. Бракоразводната парница допрва треба да следи, а големиот имот што брачните другари го стекнаа за време на успешното дваесетгодишно заедничко работење ќе треба да се дели и тоа веројатно ќе биде уште еден голем испит за овој тандем, односно за нивното понатамошно професионално делување“, пишува „Свет Австралија“.

Анета и Џими се заколнаа на вечна љубов пред повеќе од две децении. Имаат возрасна ќерка која студира и живее во Германија. Анета му е втора сопруга на Џими, а тој од предходниот брак има син кој е исто така музичар.

Следни Објави

Јелена Томашевиќ е тешко болна! Телото ѝ е двојно постаро, низ солзи откри потресни детали

Јелена Томашевиќ, сопругата на познатиот кошаркар Дејан Томашевиќ, проговори за автоимуната болест со која се бори цела деценија. Томашевиќ тврди дека на почетокот имала нејасни симптоми, а потоа и болки во зглобовите и мускулите. „Еден месец по четвртото породување забележав дека ми отекол едниот прст, па следниот ден другиот. Лекарите […]