fbpx

Почина Иван, остана херој до последен здив: Играше со тумор, освои титула, па му ја ампутираа ногата

На 26-годишна возраст почина Иван Ќоровиќ, поранешниот капитен на јуниорскиот тим на Црвена Звезда и големата надеж на кошарката.

Ќоровиќ долго време се бореше со најтешката болест, поради што стави крај на својата перспективна кариера.

Беше капитен во генерацијата на Црвена звезда од која произлегоа неколку српски репрезентативци како Борис Симаниќ, Алекса Раданов, Стефан Ѓорѓевиќ..

На тогашниот капитен на црвено-белиот тим му беше дијагностициран тумор на коленото со кој играше осум месеци и ја освои титулата шампион на Србија во јуниорска конкуренција мислејќи дека се работи за хематом.

За жал, поради ова мораше да му биде ампутирана ногата.

„Бев примерен тип, добро ми одеше и училиштето, најмногу тренирав, па дури и стигнав до капитен на јуниорската екипа. Рекоа хематом, не можеше да се утврди. Најголемиот проблем беше што играв со него осум месеци. Го освоив јуниорскиот шампионат на Србија и кога требаше да почнат подготовките за новата сезона, го открив проблемот што ме следеше и почна борбата за живот. Во тој момент се борев за живот и не можев да патам за кошарката, но сигурно понекогаш сакам да играм и би сакал, но животот има многу епизоди, во некои од нив ќе бидам поуспешен“, изјави тогаш Ќоровиќ.

Туморот најпрвин бил третиран со хемотерапија, по што следеле две операции и на крајот морало да се ампутира ногата од колкот.

Ќоровиќ не добивал инвалидска помош во Црна Гора бидејќи комисијата се повикала на тоа дека немал метастази, а кошаркарот не сакал подлабоко да се впушта во целата приказна.

Следни Објави

Македонците ја окупираа најевтината плажа во Грција: Кафе и крофна на лежалка за 4 евра

И оваа година повеќето Македонци ја одбраа Грција како дестинација за некој продолжен празничен викенд или како место каде што ќе го поминат нивниот годишен одмор. Сите зборуваат за покачените цени на лежалките, на храната и на пијалоците, па внимателно се планира буџетот пред да се замине на избраното туристичко […]