На 77-годишна возраст почина Мустафа Јашар, доајенот на Турскиот театар во Скопје.
Роден е на 19 август 1946 година во Куманово. Дипломирал на Филолошкиот факултет во Скопје, а од 1971 година работи како актер во Турскиот Театар Скопје каде одигра преку сто улоги.
Јашар глумеше и во многу филмски и телевизиски проекти.
„Си замина Мустафа. Во 77-та година од својот живот не’ напушти Мустафа Јашар, доајен на турскиот народен театар во Македонија и доајен на македонското глумиште!
Учествуваше во многу телевизиски проекти на македонската телевизија, меѓу кои: Комедијанти, Бог да ги убие шпионите, Дичо Зограф, Вампирџија, Мултиплеј, но последниве години беше најпознат како Бајтар Ефенди-дедото на Алекс од Збогум Румелија-серијата која доживеа огромна популарност во Турција и Македонија!
Полека си заминуваат сите личности на кои им нема достојна замена!
Светол пат кон вечноста голем актеру!“, напиша Горан Марковски.