fbpx

Маж ѝ на Наташа се самоуби: Детали од трагедијата, пејачката е во шок

Сопругот на поранешната ѕвезда од реалните шоуа и трансродова пејачка, Наташа Маза, починал на втори јули, а како што дознава српска „Република“ од сигурни извор, станува збор за самоубиство.

Есад Максимовиќ (39), со кого беше во брак од 2010 година, скокнал од третиот кат од станот во којшто живеат. Иако Брзата помош веднаш реагирала, можела само да констатира смрт.

„Сите сме изненадени од оваа трагедија. Не знаеме што го поттикна нашиот Есад да направи вакво нешто, да скокне и да си пресуди.. Без зборови сме, ова е голема тага“, вели близок пријател на пејачката.

Според последните информации, Наташа го погребала сопругот на седми јули.

„Секој ден е на гробишта, му носи се’ што сакаше да јаде и да пие, често останува со часови да „разговара“ со него. Едноставно, не може да се помири. Беа во брак 12 години и на 20-ти август требаше да слават годишнина“, коментира тој.

Во меѓувреме, пејачката се огласи преку социјалната мрежа „Фејсбук“.

„Љубов моја, мое животинче, мои најубави очи, вака започна се’ и нема никогаш да заврши. Вечна твоја Наташка! Почивај во мир!“, напиша таа објавувајќи фотографии од нивната свадба.

Следни Објави

Прва исповед на Анета и Џими по разводот: Еве што ќе се случува со „Молика“

Информацијата за разводот на познатата естрадна двојка Анета и Џими Мицевски ги возбуди македонските граѓани. Ексклузивата на „Свет Австралија“ се покажа како точна, па како што напиша порталот уште пред десетина дена, тие повеќе не живеат заедно, но останале во добри професионални односи поради веќе закажаните настапи кои мора да […]