fbpx

Прва исповед на Анета и Џими по разводот: Еве што ќе се случува со „Молика“

Информацијата за разводот на познатата естрадна двојка Анета и Џими Мицевски ги возбуди македонските граѓани.

Ексклузивата на „Свет Австралија“ се покажа како точна, па како што напиша порталот уште пред десетина дена, тие повеќе не живеат заедно, но останале во добри професионални односи поради веќе закажаните настапи кои мора да се одработат.

Групата „Молика“ е букирана до август наредната година, па Анета која конечно се огласи во јавноста потврди дека ќе си го сработи договореното.

„Да, точно е дека се разведувам и ја напуштам групата. Но ќе го почитувам договорот, до август идната година да ги одржиме сите настапи“, изјави пејачката за „Гламур“.

Таа веќе го промени и името на социјалните мрежи и сега на „Инстаграм“ се потпишува како Анета Љумаковска.

Во меѓувреме, се огласи и Џими.

„Вистина е. „Молика“ ќе продолжи, бидејќи имаме договорени настапи до следната година во август. Не сме ни први, ни последни. Разводот е во постапка, а за останатото и причините не мора да се коментира. „Молика“ ќе продолжи да си работи, а Анета ќе биде со групата, тоа е нејзин избор“, вели Мицевски за порталот „Вистина“.

Анета и Џими се заколнаа на вечна љубов пред повеќе од две децении. Имаат возрасна ќерка која студира и живее во Германија. Анета му е втора сопруга на Џими, а тој од предходниот брак има син кој е исто така музичар.

Следни Објави

Познатата пејачка итно префрлена во болница: Лекарите откриле згрутчување на крвта

Јавноста во шок, фановите се молат за нејзиниот живот Тори Кели е итно е хоспитализирана. Американската пејачка и двократна добитничка на „Греми“ била со пријателите во ресторан кога почувствувала дека срцето ѝ чука забрзано, по што се онесвестила. Постојат индиции дека здравствената состојба на талентираната 30-годишна кантавторка е сериозно нарушена. […]