fbpx

Жана почина од изгладнување: Десет години живеела вака

Инфлуенсерката и веганка Жана Самсонова наводно умрела од глад, откако со години живеела целосно на сурова веганска исхрана.

Според „Њујорк пост“, 39-годишната Русинка често промовирала сирова храна на своите профили на социјалните мрежи.

Судејќи по една нејзина објава на „Инстаграм“, таа имала специфично мени со кое практично се изгладнувала во континуитет цела една деценија.

„Пред неколку месеци во Шри Ланка веќе изгледаше исцрпено, со отечени нозе. Ја испратија дома да се лекува. Но, таа повторно побегнала. Кога ја видов на Тајланд се згрозив“, изјави нејзин пријател за „Њузфлеш“.

„Живеев еден кат над неа и секој ден се плашев дека некое утро ќе го најдам нејзиното безживотно тело. Ја убедував да се лекува, но не успеав“, дополни тој.

Следни Објави

Имаше питома душа: Македонските музичари се простуваат од Горан

Тажна вест споделија од македонска Филхармонија. Вработените со трогателна посвета се простија од својот колега. „Нашиот трубач Горан Арменски денеска ја изгуби битката со тешката болест со која храбро се бореше во изминативе неколку месеци. Горан беше исклучителен трубач, посветен уметник и прекрасен колега. Нашиот оркестар изгуби врвен професионалец и […]