fbpx

Денеска почнува Богородичниот пост, најстрогиот во годината: Ова никако не смеете да го правите!

За православните христијански верници денеска почнува двонеделниот Богородичен пост, кој е посветен на Успението на Пресвета Богородица. Овој пост е востановен во молитвено сеќавање на Пресвета Богородица, а со цел во периодот на неговото времетраење уште поинтензивно да се изискува молитвеното застапништво од Пресветата Богомајка.

Богородичниот пост трае од 14 до 28 август. Најкраток е од четирите големи постови, но и построг од божиќниот и апостолскиот. Поради големото почитување кон Пресвета Богородица верниците овој пост го постат како и Големиот пост.

Тоа значи дека сите денови се постат на вода, освен сабота и недела, кога е дозволено да се користи зејтин и вино, а за празникот Преображение, кој паѓа во време на овој пост, се јаде и риба. Важно е да се знае дека ако Голема Богородица падне во среда и петок, тој ден не се мрси, туку се јаде риба, вино и зејтин.

Во нашиот народ постои обичај грозје да не се јаде до Преобрежение, кога во црквите се дели на народот.

Празникот Голема Богородица се смета за празник на жените и мајките.

И покрај постоењето на ориентирни правила во однос на позволените и забранети продукти за исхрана, никогаш не смее да се заборави дека сржта на православната антропологија е во тоа дека од човекот не треба да се стори проста маса, туку секој е и треба да остане конкретна личност. Оттаму, „строгоста“ на личното применување на физичката страна на постот зависи од личносниот совет од духовниот отец кон своето духовно чедо. Константата, пак, која треба да се следи во секој повеќедневен пост, а која никако не се „разблажнува“ е духовната страна на постењето.

Следни Објави

Срамота! Во познат македонски маркет 500 производи поскапеа за само еден ден

Телевизија 24 во прилог за новиот ценовен бран откри дека повеќе од 500 артикли во еден голем ланец маркети само во еден ден добиле нови цени. Најголемиот дел од нив се покачени. Од Министерството за економија велат дека со поскапувањата не се опфатени основните прехранбени производи и затоа не се […]