fbpx

Го допрел дното, помислувал на најлошото: Миро Кацаров си ја отвори душата

Популарниот македонски водител Миро Кацаров проговори за најмрачниот период во својот живот.

Домаќинот на шоуто „Голден карпет“ гостуваше во подкастот кај Стефан Лазаров каде отворено зборуваше за најтешката битка со која се соочил додека живеел и работел во Дубаи.

„Се разболев од анксиозност. Имав панични напади. Затоа се вратив“, ја почнува својата исповед Кацаров.

Во Обединетите Арапски Емирати шест месеци работел само ноќна смена. Комплетно му се променил биоритамот, со денови не гледал сонце..

„Не можев дома да спијам и почнав да се мачам. Тие панични напади не ги чувствував, само чувствував дека ми се ближи смртта, ми се потат рацете, нозете ми се блокираат. Јас завршив трипати во болница, многу тежок период ми се деси пред да заминам од Дубаи. Толку јако мава, што дури некогаш те тера и на самоубиство. Две недели јас не излегов, се плашев од сите луѓе, од секој звук се плашев, од секоја храна се плашев. Многу чудно, многу тешка анксиозност“, раскажува тој.

Кацаров минатата година се ожени со својата долгогодишна девојка, откако претходно ја запроси на романтично патување во Рим.

Во неговиот роден Штип потоа направи голема свадба на која допатува речиси цела македонска естрада.

Слаткаристика и Миле Кузмановски беа дел од пејачите кои се фатија за микрофон.

Следни Објави

Се шири нов високо заразен вирус: Еве кои се симптомите

Контролата на италијанскиот пазар покажа дека во производ од Хрватска е пронајден норовирус, соопшти Европскиот систем за брзо предупредување за храна и храна за животни (RASFF). Станува збор за морски производи, односно школки наречени брбавици или морски тартуфи. Во соопштението на Европскиот систем за брзо предупредување за храна и храна […]