fbpx

Трагедија! Девојка (21) почина по операција на градите: Се огласи и вереникот Марио

На неколку недели пред сопствената свадба почина 21-годишната Алесија Набосо по операција на градите, јавуваат светските медиуми. Младата невеста си посакала совршено деколте за венчаницата која веќе ја одбрала, па одлучила да замине под нож и да вгради силикони.

Алесија работела како козметичарка во близина на Неапол. Нејзиниот вереник, како и нејзините пријатели, наводно биле против оваа нејзина одлука, пишува „Њујорк пост“.

Зафатот го направила на 11 септември, а истиот ден била пуштена од клиниката.

„До 18 септември се’ беше во најдобар ред“, вели д-р Фелисијано Чикарели од клиниката Вила дел Фиори.

Веќе наредниот ден качила висока температура, почнала да кашла и брзо да се заморува.

„Нејзиното семејство два дена подоцна ја однело во итната медицинска помош, каде што била примена во критична состојба со кардиопулмонален застој. Дежурните лекари веднаш сфатиле дека ситуацијата е многу сериозна. Бубрезите почнале да ѝ откажуваат, белите крвни зрца ѝ пораснале до плафон и се’ потешко дишела“, раскажува д-р Чикарели.

Девојчето било подложено на бројни тестови. Според д-р Чикарели, тој и неговите колеги сакале да ја локализираат сепсата. Направиле ултразвук и КТ на абдоменот, како и КТ на градниот кош и откриле дека проблемот доаѓа од белите дробови.

Неколку часа откако била префрлена на интензивна нега имала срцев удар, по што починала.

Семејството Набосо сака да знае кој е одговорен за смртта на нивната Алесија.

„Ако има одговорност, таа мора да излезе на виделина. Ако Алесија умрела поради докторот, сакаме правда. Беше убава, млада и здрава. Мора да ни кажат што се случило во операционата сала“, велат членовите на семејството на починатото девојче.

Во меѓувреме, на социјалните мрежи се огласи и нејзиниот несуден сопруг.

„Те сакам Ал, никој никогаш нема да може да го заземе твоето место во моето срце. Ќе ми бидеш жена засекогаш. Ти си најдоброто нешто што ми се случило. Нема да покажам милост кон никого додека правдата не се исполни. Секогаш ќе бидеш во моето срце и во срцата на членовите на твоето семејство. Те сакам многу“, напиша Марио.

Следни Објави

Прва исповед на Перо Антиќ за Цеца: Сподели неочекувана вест

Секти измислуваат приказни за евтини кликови на интернет. Ова им го порача Перо Антиќ на оние кои веќе со месеци шпекулираат за неговата наводна врска со балканската фолк-ѕвезда Цеца Ражнатовиќ. Тој конечно се огласи на оваа тема за порталот „ММС“. Сподели неочекувана вест, а тоа е дека по разидувањето со […]