fbpx

Која е 54 години помладата девојка со која Пачино чека дете: Обожава познати дедовци, доаѓа од богата фамилија

Славниот холивудски актер Ал Пачино (84) очекува дете со својата 54 години помлада партнерка, кувајтско-американската филмска продуцентка Нур Алфала (30).

Оваа вест за TMZ ја потврди портпаролот на актерот и откри дека Нур е во осмиот месец од бременоста.

Ал Пачино и Нур се во емотивна врска две години, а првпат беа видени заедно во април минатата година. Таа е 54 години помлада од него, но тоа не ѝ претставува проблем бидејќи е позната по врските со многу постари мажи.

Таа е поранешна девојка на легендарниот музичар Мик Џегер, а двојката се забавуваше кога тој имаше 74, а таа само 22 години.

„Срцето не прашува за години, срцето знае што чувствува. Тоа беше мојата прва сериозна врска и бев многу среќна“, изјави Нур во интервју за „Хелоу“ за врската со фронтменот на легендарните „Ролинг Стоунс“.

Своевремено се шушкаше дека се гледа и со милијардерот и филантроп Николас Бергруен (60), како и со 91-годишниот Клинт Иствуд. Меѓутоа, таа негираше дека е во врска со Иствуд, велејќи дека популарниот актер и режисер е нејзин семеен пријател.

Пачино и Нур првпат беа видени заедно на почетокот на април кога вечераа во италијански ресторан. Сепак, неименуван извор за Page Six откри дека тајно се гледале за време на пандемијата.

„Таа најчесто излегува со многу богати постари мажи.. Со Ал е некое време и добро се сложуваат. Се чини дека разликата во години не им е проблем, иако тој е постар од нејзиниот татко. Нур се дружи само со џет-сетери и потекнува од богато семејство“, откри истиот извор.

Ал Пачино веќе има три деца од две сопруги. Од претходните врски ги има ќерката Џули (33) и 22-годишните близнаци Оливија и Антон.

Во продолжение погледнете како изгледа избраничката на ѕвездата на Scarface.

Следни Објави

Последните години поминувал низ пекол: Кој е прерано починатиот Драги Шпага?

Почина Драги Христов, на јавноста познат како Драги Шпага. Тажната вест ја објави порталот „Вистина“. Христов починал на 52-годишна возраст по кусо и тешко боледување, откако му бил констатиран карцином на белите дробови. Публиката го памети по оригиналниот имиџ, а заштитен знак му беа периките. Во 2004 година учествуваше во […]