fbpx

Откако се омажи секоја година е трудна: Роди 12 деца за 12 години

Кортни Роџерс од Ново Мексико е незапирлива. Откако се омажи, секоја година е бремена. Така таа роди 12 деца за 12 години.

Кортни и нејзиниот сопруг никогаш не помислувале дека ќе имаат толку многу деца. На почетокот дури имале и потешкотии кога е во прашање потомството. Но, во март 2010 година го добија синот Клинт, а во следните години уште пет момчиња и шест девојчиња.

„На почетокот сите деца беа машки, а потоа пристигнаа шест девојчиња, па се изедначија“, изјави Кортни во едно интервју, пренесува „Брајт Сајд“.

Таа го родила својот прв син три недели пред да наполни 26 години, а последното дете пристигнало на свет кога нполнила 38 години.

Како да не им се доволни 12 деца, семејството живее на фарма со повеќе од 200 животни, меѓу кои има свињи, овци и кокошки. Децата се воспитуваат на таков начин што ги учат дека е важна грижата за животните и ги учат на одговорност уште од мали нозе, пренесува „Индекс“.

Еден типичен ден во домот на Роџерс започнува со голем појадок во осум часот. Големото семејство секое утро јаде кутија житарки, а дневно се консумираат по 24 јајца. Потоа, дел од децата се образуваат дома, а најмалите си играат и јадат по некоја ужинка, а потоа имаат пладневен одмор.

Попладне имаат часови по уметност и читање и часови по пијано. Околу 17 часот Кортни служи вечера.

Децата се во кревет до 20:30 часот, за да можат мама и тато да ја исчистат куќата и да се подготват
за следниот ден.

Следни Објави

Конечно убава вест! По 14 илјади денари на сметка за овие граѓани

Со растот на просечната плата во Македонија, порасна и минималниот износ за К-15, кој, оваа година ќе изнесува најмалку 14.000 денари. Оваа бројка се добива кога ќе се земат предвид последните просечни месечни плати што ги објавил Државниот завод за статистика и кога од нив ќе се пресмета правото на […]