fbpx

„Грда си, те мразам, убиј се!“ Роза мислела дека е дух, вистината ја шокирала

Бидејќи не можела да најде рационално објаснување за тоа што ѝ се случува, инсталирала камера за детектирање на движења во нејзината спална соба

Апликацијата која снима звуци кои се слушаат во текот на ноќта додека луѓето спијат станува се попопуларна. Се разбира, никој не очекува да слушне како некој му шепоти ужасни закани додека е во длабок сон, но токму тоа ѝ се случи на Роза, која на видеото слушна глас кој ѝ вели дека ја мрази и дека треба да се самоубие.

Отпрвин мислела дека е дух што зборува со неа. Бидејќи не можела да најде рационално објаснување за тоа што ѝ се случува, во спалната соба поставила камера за детекција на движења.

Се изненадила кога открила дека мајката на нејзиното момче влегла во нејзината соба и ѝ го кажала горенаведеното. На видеото може да се види постара личност која стои покрај нејзиниот кревет и наводно и шепоти низа закани.

„Инсталирав апликација за да се слушнам како ‘рчам, на крајот слушнав глас кој вели дека сака да ме уништи. Мислев дека духот е во мојата соба, но се покажа дека мајката на момчето влегува во собата и ми ги кажува овие работи додека спијам“, вели таа во видеото на Тик Ток.

Подоцна таа објасни сè во детали. Откако видела реклама за апликација која ги снима луѓето како ‘рчат во сон, таа решила да си ја „симне“. На видеото слушнала глас кој вели: „Толку си грда, те мразам, убиј се“ и пцовки кои не сака да ги повтори.

Ова се случувало три ноќи по ред и била убедена дека во куќата има дух, бидејќи нејзината свекрва секогаш била љубезна со неа.

„Ако е толку љубезна лице в лице, зошто да се сомневам во неа? Ја ставив камерата во собата, прво не видов ништо додека една вечер камерата не ја фати како влегува во спалната и се наведнува над мене“, раскажува Роза.

Подоцна објаснува дека мајката на нејзиното момче неодамна била ослободена од затвор, поради што таа и нејзините деца живееле со нив во куќата. Таа додава дека причината за ваквото однесување е веројатно љубомората на односот кој го развила со нејзиниот син.

Следни Објави

Се сликаше пред икони, а си го уби детето: Уапсена е, еве која е мајката

Mајка (37) си го убила своето шестмесечно бебе. Го тепала со тупаници и со шише пред своите две малолетни ќерки на возраст од шест и од седум години. Грозоморниот чин се случил во Макрохори, Иматија, Грција. Девојчињата кои ги има од првиот брак веднаш ги алармирале бабата и дедото на […]