fbpx

Сними дует со Владо Јаневски, а потоа се исели: Денеска е друга жена

Пред неполни две децении пејачката Весна Писаровиќ уживаше голема популарност во целиот регион. Нејзините хитови „Да знаш“ и „Сасвим сигурна“ и денес се вртат по радиостаниците.

Македонската публика го памети и дуетот кој го сними со Владо Јаневски за хрватската верзија на евергринот „Љубовта е моја религија“.

Писаровиќ во 2002 година застана и на големата евровизиска сцена и токму кога ѝ се отворија вратите во сите земји на поранешна Југославија, таа одлучи да се повлече.

Пред 14 години се омажи за Озрен Пуповац, син на хрватскиот политичар со српско потекло, Милорад Пуповац, и со него се исели во Германија.

Во Берлин продолжи да се занимава со музика, но се посвети на еден поинаков жанр – џезот.

– Воопшто не жалам за оваа радикална промена. На овие години многу ми е поважно да го работам она што ме исполнува, отколку некому да му се допаднам – изјави во едно постаро интервју Писаровиќ, која во април наполни 45 години.

Следни Објави

Ништо не наговестувало дека ќе се случи трагедија: Потресни детали за смртта на Мустафов

Само три месеци по смртта на легендарниот Ферус, синоќа почина и неговиот син Ненадејно почина познатиот саксафонист и кларинетист Илми Мустафов, син на легендарниот македонски музичар Ферус Мустафов кој се упокои пред само три месеци. Блиски на семејството сведочат за трагедијата. „Веќе неколку дена со гурпата беа на свирки во […]