Марија Црвенковска, ќерката на поранешниот македонски претседател и премиер Бранко Црвенковски, вечерва прави свадба во познат скопски хотел, дознава порталот „Курир“.
Таа денеска му се заколна на вечна љубов на своето долгогодишното момче Дамјан.
Младоженците за првиот танц го одбрале евергринот „Љубовта е моја религија“ од Каролина Гочева и Владо Јаневски, откриваат гости на свадбата.
На забавата ѝ претходела традиционална забава и земање на невестата од дома.
Бранко Црвенковски со сопругата Јасна го имаат и синот Љупчо кој неодамна стана татко.