fbpx

Жените во Југославија врескаа по него: Исчезна од естрадата, а еве како изгледа денес

Годините си го прават своето

Рок-пејачот Филип Жмахер во 90-тите ја покори југословенската сцена со својот можен вокал, а богами и со изгледот. Сепак, во екот на популарноста одлучи да се повлече од музичката сцена.

Жмахер, кој беше миленик на женската публика, во 1995 година победи на фестивалот „Славјански базар“ во Белорусија, а потоа за ПГП го објави албумот „Бесконачно“. Се’ уште се памети неговиот дует со Драгана Мирковиќ.

„Ме нема повеќе на естрадата од оправдани причини. За жал, ние сме како село, а сме толку талентиран народ. Тоа го забележав уште во 2000-та година кога заминав да работам во Русија, а потоа и во Украина и во Белорусија. На тамошнаѕта сцена сум присутен и денес. Таму има почитување за уметникот, газдите на локалите не те тапкаат по раме, во секој клуб постои бина, тонска проба, светло, бекстејџ, гардероба пред настап, а терминот „рајдер-листа“ е вообичаен и се почитува, пејачот на настапот не мора да пее до зори и не се третира како џубокс“, изјави Филип пред неколку години.

Пејачот работеше некое време во Украина, каде ја запозна сопругата Анастасија, со која ја доби ќерката Лана. Едно време живееше и во Германија, но, на изненадување на многумина со семејството се врати во Србија и одлучи да почне од нула.

Следни Објави

Нивната смрт остана мистерија: Овие родени скопјани беа идоли во СФРЈ

Филмските и театарските легенди, браќата близнаци Драган и Предраг Лаковиќ, родени се на 28 март 1929 година во Скопје. Драган Лаковиќ ги одбележа детството и младоста на многу генерации. Оствари значаен актерски опус, играјќи пред се’ во мјузикли. Ќе остане запамтен не само по улогите во театарот, туку и по […]