fbpx

По разводот се пропи, утеха најде на село: Пресврт! Еве каде е денес (ФОТО)

Денес изгледа сосема поинаку, комплетно му се посвети на семејството и ретко се појавува на јавни настани. Мирот го пронајде на село 

Пред само две децении беше една од најпопуларните пејачки во регионов. Сите зборуваа за визуелниот идентитет со кој се наметна на сцената, со чувството за естетика поместуваше граници на естрадата, а потоа преку ноќ се повлече.

Сите се сеќаваме на хитот „Годинама“ кој го сними во дует со Дино Мерлин, но, потоа мистериозно исчезна.

Хрватската пејачка Ивана Банфиќ низ годините многу се промени.

Ѝ се случи спонтан абортус, развод, навлекување на алкохол и долг период на рехабилитација.

Лошо го прифати и разводот во 2005 година со својот поранешен менаџер Роберт Магиќ, па се оддаде на алкохол и неколкупати заврши на клиниката за лекување од зависности.

Откако се избори со пороците, во животот ѝ се појави нова љубов. Пејачката по вторпат стапи во брак со ТВ-продуцент Круне Ладисиќ.

По еден спонтан абортус, конечно ѝ се оствари сонот да се реализира како мајка.

„Се плашев да не го доживеам истото сценарио. Но, ете, фала му на Бога, жив е и здрав, среќен и весел. Благодарна сум на овој голем подарок“, изјави таа во една прилика.

Токму синот Јан беше причината да се повлече од јавноста.

Следни Објави

Проверувајте ги сметките: Парите ќе ви бидат префрлени до 15 ноември

Неочекуван прилив на пари ги очекува припадниците на следните два хороскопски знаци. Астролозите имаат само убави вести за нив, ќе им „крцка“ паричникот. Водолија Не ги игнорирајте игрите на среќа во периодот што следи. Ќе ви донесат неочекувано висока добивка која ќе реши голем број од вашите проблеми. Исто така, […]