fbpx

Ништо не наговестувало дека ќе се случи трагедија: Потресни детали за смртта на Мустафов

Само три месеци по смртта на легендарниот Ферус, синоќа почина и неговиот син

Ненадејно почина познатиот саксафонист и кларинетист Илми Мустафов, син на легендарниот македонски музичар Ферус Мустафов кој се упокои пред само три месеци.

Блиски на семејството сведочат за трагедијата.

„Веќе неколку дена со гурпата беа на свирки во Дебар. Вчера цел ден седеле, муабетеле и ништо не наговестувало дека ќе се случи нешто страшно. Вечерта ненадејно му се слошило и толку било. Илми пред неколку години стави стент. Денес веќе е пренесен во капела во Скопје, а погребот ќе биде утре, најверојатно на Камник“, велат тие за ММС.

Илми беше член на групата „Огнени Момчиња“. Во неговата скоро тридецениска кариера, има снимено многу ора и чочеци, дел со својата група, дел со неговиот познат татко.

Естрадата е во шок по оваа тажна вест за музичката сцена. Колегите со трогателни посвети се простуваат на социјалните мрежи.

Следни Објави

Само во еден момент видов како плаче.. Потресно сведоштво на Гавазова за починатиот колега Мустафов

Не престануваат реакциите во јавноста по ненадејната смрт на познатиот саксафонист и кларинетист Илми Мустафов, инаку син на легендарниот македонски музичар Ферус Мустафов кој почина пред само три месеци. Естрадата со емотивни посвети се простува од него. На социјалните мрежи се огласи и неговата блиска пријателка и соработничка, познатата фолк-интерпретаторка […]