Кога личностите од овие два знака ќе се запознаат, меѓу нив веднаш се создава хемија.
Нивната компатибилност е најсилна во хороскопот, моментално им се јавуваат силни емоции чиј интензитет низ годините воопшто не се намалува.
Станува збор за Бик и за Скорпија.
Скорпиите обожаваат што околу Биковите треба поприлично да се потрудат, а на Биковите им одговара вниманието кое го добиваат. Заеднички се наклонти кон емоционалната сигурност и близина, па и двата знака зрачат со страст во љубовта.
Скорпиите се познати по снаодливоста и реалното гледање на животот, а на Биковите тоа им одговара, бидејќи знаат дека во секоја ситуација можат да се потпрат на нив.
И Биковите и Скорпиите се многу лојални, но и рационални, па сите бариери бргу ги преминуваат.