fbpx

Стравот постои само во вашиот ум: Мудри совети кои ќе ви го променат животот!

Дејл Карнеги е психолог, писател и педагог кој секогаш го наметнувал концептот дека во светот нема лоши луѓе. „Постојат само непријатни околности кои лесно може да се изменат. Доволно е само да се промени односот кон нив“, велел тој.

Во продолжение ви ги пренесуваме неговите најдобри 10 мудри совети.

1. Секој човек барем 5 минути дневно е будала. Вистинската мудрост е тој временски лимит да не се надмине.

2. Бидете зафатени. Тоа е најевтиниот лек на светот и еден од најефективните.

3. Ако посакате да промените некого, започнете од себе. Тоа е покорисно и безопасно.

4. Насмевката не чини ништо, а многу вреди.

5. Многумина го викаат лекарот кога им е потребна публика.

6. Јасно е дека вашиот маж има недостатоци, но да бил светец, не би се оженил со вас.

7. Тајната на нашата несреќа е во тоа што имаме премногу слободно време да размислуваме за тоа дали сме среќни или не.

8. За мудриот човек, секој ден почнува нов живот.

9. Не плашете се од непријателите што ве напаѓаат. Плашете се од пријателите што ви ласкаат.

10. Стравот постои само во вашиот ум и никаде на друго место.


Следни Објави

Најпознатиот кардиолог открива: Високиот притисок зависи од положбата на спиење

Лошиот сон и високиот крвен притисок се поврзани. Квалитетниот ноќен одмор е најважниот аспект во превенцијата и лекувањето на хипертензијата, а лекарите открија дека многу зависи од положбата во која спиете. Кардиологот Трупти Гилада вели дека луѓето кои страдаат од висок крвен притисок треба да спијат 6-8 часа навечер во […]