fbpx

Образована жена не смее да се омажи за мајстор: Шокантно објаснување на психолог!

Популарниот руски психолог Михаил Литвак раскажа приказна од својата ординација која привлече огромно внимание.

Помош од него побарала извесна Марија која му се пожалила дека не може да најде маж за себе.

За порталот „Еконет“ тој во детали го раскажа случајот.

„Марија е посветена директорка во една позната компанија. Позади себе има неуспешен брак и две, веќе возрасни ќерки. На деловен план е најдобра, но не и во љубовта. Таа била лудо вљубена во таткото на нејзините деца и затоа и се омажила за него. Додека се дообразувала и силно чекорела напред на деловен план, нејзиниот сопруг бил обичен работник во една фирма, со просечна плата. Разбирливо, тој станувал се’ понезадоволен и нивниот брак тонел.

Еден ден Марија отворено го прашала што да направи за да ја сочуваат нивната заедница.

– Напушти ја работата и занимавај се со семејството – побарал тој.

Марија прифатила. Дала отказ и станала домаќинка, само за да го сочува семејниот мир. Но, тензијата продолжила. Мажот и понатаму бил огорчен, и никако не можел да се избори со фактот дека таа успеала во животот, а тој не. По неколку неуспешни обиди да ја спуштат топката, разводот се наметнал како единствено решение.

Марија почнала од почеток. Воопшто не ѝ било проблем сама да ги школува ќерките, имала доволно финансии, но и понатаму немала среќа во љубовта и затоа одлучила да ми се обрати.

Ако вашиот парнер не напредува со вас, оставете го без двоумење. Не губете време обидувајќи се да го промените. Марија треба да се фокусира на исклучително успешни деловни луѓе кои имаат исти интереси како нејзините. Ако доволно долго гледа, ќе го најде тоа што го бара. 

Затоа жени, не гледајте во луѓе кои се под вас, тие само ќе ве влечат кон дното. Образована жена не треба да се омажи за мајстор. Тоа нема да ви донесе ништо убаво!

Следни Објави

Со години ги разведуваа, никому не рече ни збор: Која е сопругата на Драган Вучиќ?

Поминаа четири децении живот, од кои 38 официјално во заедница Весна и Драган Вучиќ успеаја да си го сочуваат бракот и покрај сите муабети кои не ретко стигнуваа до нив. Со години ги разведуваа, но никому не рекоа ни збор. „Освен во една прилика, кога ми пукна филмот и преку […]