fbpx

Уште едно сведоштво од Онкологија: Митровски проговори за починатата мајка

И власта и опозицијата дадоа зелено светло да се формира собраниска анкетна комисија која ќе утврдува политичка одговорност за функционерите поврзани со скандалот на Онкологија.

Во меѓувреме се нижат нови сведоштва од роднини на пациенти кои починале од канцер, а кои биле лекувани токму на оваа клиника.

На социјалните мрежи се огласи и адвокатот Јанаки Митровски.

„Последниот месец од својот живот мајка ми лежеше на онкологија. На цел спрат немаше буквално никаков персонал. Една сестра на цел спрат која никогаш не ја видовме. Лекови немаше ни за лек. Ја пуштија дома ден пред да почине. Хорор прича ни е здравството, а копилињата се богатат на грбот на оние кои умираат. Секој сака да заработи, но дали сум воспитан така дали сум глуп, како совест не ги јаде?! Или што си викаат и онака ќе умрат?! Гадовиии!!!“, напиша тој на „Фејсбук“.

Следни Објави

Жените во Југославија врескаа по него: Исчезна од естрадата, а еве како изгледа денес

Годините си го прават своето Рок-пејачот Филип Жмахер во 90-тите ја покори југословенската сцена со својот можен вокал, а богами и со изгледот. Сепак, во екот на популарноста одлучи да се повлече од музичката сцена. Жмахер, кој беше миленик на женската публика, во 1995 година победи на фестивалот „Славјански базар“ […]