fbpx

Естрадата завиена во црно: Ја загуби битката, колегите се простуваат

Тапанарот на популарната група „Blackberry Smoke“, Брит Тарнер, почина на 57-годишна возраст по битка со рак на мозокот.

На музичарот, кој беше еден од основачите на групата со седиште во Атланта, кон крајот на 2022 година му беше дијагностициран глиобластом, ретка форма на рак на мозокот.

Тажната вест ја потврдија неговите колеги од бендот Чарли Стар, Ричард Тарнер, Пол Џексон и Брендон.

„Со најдлабока тага ги информираме сите дека нашиот брат си замина од овој свет. Ако ја имавте привилегијата да го познавате Брит на кое било ниво, знаете дека тој беше најгрижливата, најсочувствителната, најентузијастичката и најсимпатичната личност што некогаш сте можеле да ја сретнете“, напишаа тие на „Инстаграм“.

Следни Објави

Ден пред осми март овој хороскопски знак да ја купи оваа грепка

Неколку дена не’ делат до осми март, Меѓународниот ден на жената. Некои ќе слават, некои ќе подарат цвеќе, но за претставниците на еден хороскопски знак осми март може да им донесе животен пресврт. Астрологот Павел Глоба посочува дека ѕвездите ќе им бидат особено наклонети на овие луѓе. Затоа им препорачува […]