На 63-годишна возраст почина Шелдон Рејнолдс, поранешен пејач и гитарист на легендарната музичка група „Earth, Wind & Fire“.
Веста за неговата смрт на социјалните мрежи ја објави Филип Бејли, негов колега од бендот.
„Смртта на Шелдон многу тешко ги погоди сите кои го познаваа и работеа со него“, напиша тој на „Фејсбук“.
„Шелдон беше навистина многу почитуван член на нашиот бенд, одличен текстописец, продуцент и генерално многу добра и љубезна личност. Многу ќе ни недостига“, напиша колегата во потресната објава.
Шелдон ја започна својата кариера во 1983 година кога го достигна врвот на музичкото небо откако се приклучи на панк и соул бендот „The Commodores“.