fbpx

Победи на „Евровизија“ во Загреб, песната лани доби и македонска верзија

Почина славниот италијанскиот пејач, музичар и текстописец Тото Кутуњо (80).

Се упокоил во болницата во Милано кадешто бил хоспитализиран, јавуваат светските медиуми.

Тажната вест ја потврди и неговиот менаџер Данило Манкузо, изјавувајќи дека „состојбата на пејачот се влошила по долго боледување во последните месеци“.

Тото Кутуњо во 1990 година победи на евровизискиот избор кој се одржа во загрепската сала „Ватрослав Лисински“ со песната Insieme.

Оваа нумера стана голем хит. Своевремено се изведуваше во сите политички кругови низ Европа. Можеше да се слушне на јавни настани на сите политички партии, без оглед на тоа дали ѝ припаѓаа на десницата или левицата.

Минатата година на иницијатива на ЦИВИЛ доби и македонска верзија.

Во проектот беа ангажирани Тијана Дапчевиќ, Кристина Арнаудова, Елена Петреска, Елена Велевска, Зуица Лазова, Никола Перевски-Пере, Анастасија Петреска, Виктор Апостоловски, Лидија Кочовска, Ѓоко Таневски, Баже Груевски, Адријан Азири, актерката Ана Стојановска и други.

Следни Објави

Нѐ остави во неверување и длабока тага: Прерано замина, Македонија тагува

Почина Симона Палчевска, позната македонска професорка и авторка. Тажната вест ја потврдија и од Педагошкиот факултет „Св. Климент Охридски“ при Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“ во Скопје кадешто предаваше. „Нејзиното заминување e прерано, ненадејно, неочекувано и не остави во неверување и длабока тага. Загубивме драга колешка, извонреден предавач, но пред […]