fbpx

Со години ги разведуваа, никому не рече ни збор: Која е сопругата на Драган Вучиќ?

Поминаа четири децении живот, од кои 38 официјално во заедница

Весна и Драган Вучиќ успеаја да си го сочуваат бракот и покрај сите муабети кои не ретко стигнуваа до нив. Со години ги разведуваа, но никому не рекоа ни збор.

„Освен во една прилика, кога ми пукна филмот и преку „Фејсбук“ мораше да застанам во одбрана на семејството. Се прелеа чашата, малограѓанштината се обиде да земе замав“, призна сопругата на Драган во едно интервју.

Весна Вучиќ отсекогаш важела за убава и негувана жена. Речиси целиот професионален век го помина како спикерка во Македонско радио. Таа е ќерка на славниот музичар Пеце Атанасовски.

Весна и Драган имаат едно дете, добропознатиот музичар Мартин Вучиќ, актуелен директор на “Танец“.

Драган Вучиќ засекогаш не’ напушти во мај 2020 година. Познатиот музичар и водител неколку дена се бореше за живот на Инфективната клиника во Скопје, откако му беше дијагностициран коронавирус. Позитивна на Ковид-19 беше и Весна која за среќа успеа да закрепне, како што самата изјави, благодарение на донирана крвна плазма од анонимен пациент излекуван од вирусот.

„Сета таа љубов која ме опкружи од луѓе кои дури и лично не го сретнале Драган, мене ми ја стопли душата. Драго ми е што знам дека беше сакан и почитуван. Драго ми што тој беше мој сопруг, татко на нашиот син. Благодарна сум му што ми го даде Мартин“, раскажа Весна по трагедијата за „Фокус“.

Следни Објави

Жена легна на тревата, па ја сликаа: Не им веруваат на очите (ФОТО)

Лавина реакции предизвика една фотографија објавена на Редит. Иако повеќето сметаат дека истата е имагинација на валкан ум, за истата постои невино објаснување. Сликата е објавена под насловот „Самоуверена дама на фестивал“, а на неа се гледа двојка која се држи за раце додека пред нив лежи девојка на стомак […]