fbpx

Мислев дека е глупост да го носам на лекар: Александра го спаси синот во последен миг

Александра забележала неколку незначителни црвени линии на зглобот на својот осумгодишен син и веднаш го однела на лекар, иако, како што вели, ѝ било глупо поради таква ситница да крева паника.

Своето искуство оваа мајка, која не сакаше да го открие целосниот идентитет, го објави на „Фејсбук“ и истото се споделува, а родителите бескрајно ѝ се заблагодаруваат. Истото ви го пренесуваме во целост.

„Размислував дали ова воопшто да го објавувам, но сопругот ме увери дека тоа е вистинскиот потег. Сигурни сме дека ќе им значи на многу родители.

Пред неколку недели нашиот син падна за време на училишна прошетка во зоолошка градина. Добро се удрил, па на неговите претпоставени им нагласив убаво да му ги исчистат и да му ги дезинфицираат рацете, бидејќи излетот им траеше пет дена, требаше да посетат и една фарма, па да внимаваат каде ќе допира со раните. Сепак има само осум години.

Кога се врати дома, раните не изгледаа дека се инфицирани. Но, почнаа да се зголемуваат и тоа беше единствената промена. Забележав и една долга линија низ вената. Ја проверив раната на лактот – исто! Иако ми беше глупо да кревам паника поради ситници, го однесов на лекар за секој случај.

Кога пристигнавме, докторот практично ми честиташе на брзата реакција бидејќи син ми имал сепса. Веднаш му дадоа антибиотици и се’ помина добро, но ми нагласија дека ако сум чекала можело лошо да заврши. Затоа, ако забележите вакви промени кај вашите деца, не двоумете се воопшто и веднаш побарајте стручна помош“.

Следни Објави

Во несреќен случај почина македонскиот бизнисмен, имаше само 44 години

Тажна вест Почина Дејан Гроздановски, сопственик и управител на „Гроздановски ДООЕЛ“ од Куманово. Загинал во несреќен случај, од повреди предизвикани од струен удар. Имаше 44 години, информираат од „InStore“. Гроздановски беше нивен соработник, па деновиве ќе го објават и последното интервју со него во кое зборува за актуелната ситуација во индустријата […]