fbpx

Сара го уби соседот педофил: Кога ја пуштиja на слобода се шокирала

Во 2015 година Британката Сара Сендс слушнала муабети дека нејзиниот 77-годишен сосед Мајкл Плистед ги вознемирува децата на улица.

Озборувањата ѝ ги потврдила пријателка која ѝ признала дека Мајкл се обидел да го обљуби нејзиниот син.

Сара во истиот момент многу се уплашила за безбедноста на својот син Бредли. Имала и силна причина за тоа. Уште на крајот од 2014 година, момчето се вратило дома видно вознемирено тврдејќи дека „чичо Мајкл“ се обидел да го допре и да го бакне. Во тоа време веќе се’ погласни станувале муабетите дека се работи за педофил. По настанот, Сара отворено му се заканила, но очигледно тој продолжил со неговата „мисија“.

Чашата се прелила кога кон средината на 2015 година нејзиниот син ѝ се пожалил дека Мајкл повторно се врткал околу нивната зграда и оти му дофрлувал дека „кога-тогаш ќе биде негов“.

Сара во афект го зела најголемиот кујнски нож, му отишла на врата и го избодела до смрт.

Добила само три и пол години затвор, благодарение на фактот што во нејзина одбрана застанале многу мајки од соседството кои сведочеле за слични сикуства со нивните синови.

Таа била осудена и на дополнителни три и пол години условна казна која истекува за неколку месеци.

Иако, уште од почетокот на 2019 година е на слобода, вели дека ниту денес не ѝ е лесно поради одлуката да убие човек, но смета дека тој бил вистинскиот потег. Неодамна раскажа и што ѝ се случило кога излегла на слобода.

„Мајките од мојот крај ми подготвија незаборавен дочек. Тие ме сметаат за херој во соседството и за заштитник на децата и ми се заблагодаруваат што сум се жртвувала во нивно име. Бев шокирана, не сум доживеала нешто поубаво“, изјави Сара за „Сан“.

Следни Објави

Македонскиот пејач ја покажа идната сопруга: Иван ќе стане татко (ФОТО)

Иван Јованов, вокалистот на „Либеро бенд“, ќе стане татко. Популарниот пејач откри дека со својата избраничка Ивана очекуваат ќерка. Својата понежна половина првпат ја покажа пред јавноста, па за фановите оваа вест е прилично неочекувана. По исклучително турбулентниот период и наводниот љубовен триаголник за кој медиумите наголемо пишуваа, Јованов одлучи […]