fbpx

Македонскиот пејач ја покажа идната сопруга: Иван ќе стане татко (ФОТО)

Иван Јованов, вокалистот на „Либеро бенд“, ќе стане татко.

Популарниот пејач откри дека со својата избраничка Ивана очекуваат ќерка.

Својата понежна половина првпат ја покажа пред јавноста, па за фановите оваа вест е прилично неочекувана.

По исклучително турбулентниот период и наводниот љубовен триаголник за кој медиумите наголемо пишуваа, Јованов одлучи да биде многу попретпазлив кога е во прашање неговиот приватен живот.

Тој е поранешно момче на младата поп-ѕвезда Антониа Гиговска. Само неколку месеци откако ја прекинаа долгогодишната врска, таа објави дека е бремена од младиот музичар Роберт Спасенцовски, дотогаш близок другар на Јованов.

Следни Објави

На овие луѓе им следуваат пари до 30. септември: Проверете!

Сонцето и Марс во Вага влијаат на потребата за рамнотежа, па добро е што ќе има помалку избрзани, финансиски потези. Играме уште еден ѕвезден рулет, а одредени знаци ќе имаат поголема среќа кога се парите во прашање. Доколку се прашувате кој ќе има пари до крајот на септември, одговорот следи […]