fbpx

Потврдена смртта на познатиот актер: Тоа што се случи е страшно

Човечките останки кои неодамна беа пронајдени во планините на Калифорнија му припаѓаат на славниот британски актер Џулијан Сендс, потврди американската полиција.

Сендс исчезна на 13 јануари годинава при рекреативно искачување на планините Сан Габриел во услови на лошо време, што ја отежнуваше и спасувачката операција од воздух и на копно.

Во саботата на останките налетал еден планинар и сега и формално се идентификувани, се вели во официјалното соопштение.

„Со сигурност можеме да потврдиме дека пронајдените останки му припаѓаат на Џулијан Сендс. Начинот на смртта и натаму е под истрага“, соопшти канцеларијата на шерифот на округот Сан Бернардино.

Сендс (65) глумеше во преку 150 филмски и телевизиски проекти, меѓу кои најпознати се „Соба со поглед“ и „Девојката со тетоважа на змеј“ и сериите „24“ и „Смолвил“, во која го играше таткото на Супермен.

Следни Објави

Неочекуван потег на Коста Кецмановиќ: Лекарите се во шок

Коста Кецмановиќ, 13-годишното момче кое го изврши масакрот во ОУ „Владислав Рибникар“ кога уби девет ученици и чуварот на училиштето, е сместен на опсервација и психијатриско лекување. Како што дознава српска „Република“, откако бил примен во здравствената установа, неколку пати го менувал однесувањето, но она што го побарал вчера ги […]