fbpx

Беше во голема љубов со најследената македонска пејачка: Сега објави ретка слика со партнерката со која чека дете

Иван Јованов, вокалистот на „Либеро бенд“, по подолго време објави фотографија со партнерката Ивана.

Двојката ужива во убавините на македонскиот ски-центар Нижеполе.

Со оваа слика пејачот пријатно ги изненади фановите затоа што ретко ја експонира неговата избраничка.

Иван пред четири месеци откри дека со Ивана очекуваат ќерка.

Својата понежна половина тогаш првпат ја покажа пред јавноста, па оваа вест беше прилично неочекувана.

По исклучително турбулентниот период и наводниот љубовен триаголник за кој медиумите наголемо пишуваа, Јованов одлучи да биде многу попретпазлив кога е во прашање неговиот приватен живот.

Тој е поранешно момче на поп-ѕвездата Антониа Гиговска, која важи за најследената македонска пејачка на „Инстаграм“. Само неколку месеци откако ја прекинаа долгогодишната врска, таа објави дека е бремена од младиот музичар Роберт Спасенцовски, дотогаш близок другар на Јованов.

Следни Објави

Кралот Чарлс е тешко болен: Се огласи палатата и откри страшни вести

Тоа што се случи е страшно На британскиот крал Чарлс Трети му бил дијагностициран рак за време на посетата на болницата поради зголемена простата, соопшти денеска Бакингемската палата. Во соопштението само се наведува дека е откриена „форма на рак“, но не се наведува за каков вид на канцер се работи. […]