fbpx

Оженет и татко на две деца: Шокантни детали за монструмот од Кочани

Рашидов е оженет и е татко на две деца

Седум илјади евра на месечна основа во последните неколку години изнудил Усеин Рашидов од неговата жртва, вчера убиената Танкица Младеновска.

Рашидов прецизно водел евиденција колкава е месечната кредитна рата на Младеновска и на месец или два пред завршувањето на кредитните обврски, тој инсистирал на нов кредит. Честопати ја принудувал да повлекува и брзи кредити, па таа често и позајмувала пари, а нејзини блиски ѝ помагале знаејќи каде ѝ одат парите и во колкав ризик живее, јавува локалната „ТВ Стар“.

За наводната љубовна врска на убената Танкица со Рашидов

прочитајте ОВДЕ!

Убиецот од Кочани кој е префрлен во истражното одделение на кумановскиот затвор во полицијата се однесувал како ништо да не се случило. Се’ уште не побарал ниту вода, ниту леб. Пред истражниот судија се однесувал крајно смирено. Не разговарал со никого, ниту пак одговарал на прашањата од истражните органи.

Оние што го познаваат велат дека Рашидов секогаш бил стокмен пред народот, како што го опишуваат, галантен и снаодлив човек. Примал социјална помош, но работел и на црно. Оженет е и е татко на две деца.

Следни Објави

Дадар проговори: Ме демне сестра од манастир

Македонскиот стилист и еден од нашите најпознати шминкери, Александар Билјановски-Дадар, сподели немил настан со неговите пријатели на социјалните мрежи.  Тој добил непријатен повик кој очигледно уште долго ќе го памети. Апелира до сите да не наседнуваат на вакви и слични измами, а за што конкретно станува збор прочитајте во продолжение! […]