fbpx

Мајка на три деца: Нови шокантни детали за убиената жена во Кочани

„Направив голема грешка, се впуштив во врска со него. Згрешив, сѐ би дала тоа да не се случеше. Ми се заканува и ден и ноќ. Не можам да живеам, ме прогонува страв и срам. Немам сила да се борам и многу сум исплашена. Не знам кога и како ова ќе заврши“.

Вака сведочела 46-годишната жена која утрово е убиена пред семејната куќа во Кочани, инаку мајка на три деца.

Локалната телевизија „ТВ Стар“ објави прилог со сведочење на нејзини блиски кои ја прераскажуваат голготата која Т.М. ја преживувала пред да биде ликвидирана од осомничениот У.Р.,  вработен како пеглач во конфекција.

Според информациите од Министерството за внатрешни работи, жената го пријавила убиецот дека подолго време ја уценувал дека ќе објави компромитирачки видеа и фотографии ако не му даде пари.

Осомничениот постојано ја следел, а тоа што го пријавила не го загрижило, бидејќи наводно имал рак на простатата. „Јас нема да живеам, ама нема да живее ни таа“, наводно велел убиецот, пренесува истата телевизија.

Претходно од Обвинителството соопштија дека жената го пријавила напаѓачот во јули со истите наводи дека ја уценувал, но оттаму нагласуваат дека жената немала пријави за закани за загрозување на безбедноста.

Граѓанските организации кои работат на заштита и поддршка на жртвите од семејно насилство, особено жените, нагласуваат дека надлежните институции тешко ги препознаваат заканите и можните последици.

Несреќната жена утрово беше убиена со 40 убоди од нож. Напаѓачот е приведен и се утврдуваат мотивите за убиството.

Следни Објави

„Малце ѝ се 40 убоди..“ Скандалозни објави за убиената жена во Кочани (ФОТО)

Не стивнуваат реакциите по трагедијата во Кочани која утрово ја вознемири македонската јавност. Жена (46) беше убиена со 40 убоди од нож пред семејната куќа во Кочани. Напаѓачот е приведен и се утврдуваат мотивите за убиството. Од Министерството за внатрешни работи потврдија дека жената претходно го пријавувала убиецот дека подолго […]