fbpx

Ова е монструмот кој со над 40 убоди ја уби Танкица: Потресно сведоштво

„Танкица беше скромна личност, мирна, послушна. Си го гледаше семејството, има три деца кои се полнолетни, две ќерки и син кои живеат одделно, возрасни се, има мајка. Ова што се случи можеше да се спречи, ако институциите реагираа на време и ја сфатеа сериозно кога го пријави Усеин во полиција..“

Ова е дел од потресното сведоштво за свирепо убиената Танкица М. (46) од Кочани која утрово околу шест часот беше убиена со над 40 убоди од нож пред нејзината куќа, од страна на нејзиниот сограѓанин Усеин Р. (59).

Околу тоа што точно се случувало, изворот на „Фокус“ раскажува дека се започнало пред повеќе од седум години, кога Танкица и Усеин еден период заедно работеле во конфекција, таа како шивачка, тој како пеглач.

„Во тој период на осаменост, не знам како се случило, таа имала контакт со него, не беше тоа ниту љубовна, ниту пак сексуална врска, и Усеин направил компромитирачка фотографија од неа. Значи, фотографијата не беше толку скандалозна, но Танкица беше скромна и мирна жена, се исплаши како ќе реагираат нејзините деца ако фотографијата заврши во јавност, како ќе реагира мајка и…
Тоа што Усеин е Ром, тој и го потенцираше, дека ќе биде уште поголем срам за неа, да дознаат сите дека имала нешто со него, едноставно ја заплаши и започна да и изнудува пари.
Во овие изминати години не знам колку пари му дала за да не ја објави фотографијата, но знам дека подигна кредит за да го исплати. Тој не запре, бараше уште, ја принудуваше да подигне нов кредит“..

Целото потресно сведоштво можете да го прочитате ОВДЕ!

Следни Објави

Штипјани се простуваат од Весна: Беше насмеана дури и во најтешките моменти

На 57-годишна возраст почина Весна Крстева, главен уредник на Канал 77. Крстева имаше речиси тридецениска плодна радиска кариера. Ќе остане препознатлува по циклусот емисии Судбо, моја судбино“, формат преку кој откриваше луѓе со исклучително интересни животни приказни. Беше вљубеник во литературата, извонредно ги паметеше настаните и луѓето и често се […]