fbpx

„Малце ѝ се 40 убоди..“ Скандалозни објави за убиената жена во Кочани (ФОТО)

Не стивнуваат реакциите по трагедијата во Кочани која утрово ја вознемири македонската јавност.

Жена (46) беше убиена со 40 убоди од нож пред семејната куќа во Кочани. Напаѓачот е приведен и се утврдуваат мотивите за убиството.

Од Министерството за внатрешни работи потврдија дека жената претходно го пријавувала убиецот дека подолго време ја уценувал дека ќе објави компромитирачки видеа и фотографии ако не му даде пари.

Локалната „ТВ Стар“ објави дека осомничениот постојано ја следел, а тоа што го пријавила не го загрижило, бидејќи наводно имал рак на простатата. „Јас нема да живеам, ама нема да живее ни таа“, наводно велел убиецот, пренесе телевизијата.

И додека едни изразуваат сочуство до семејството на починатата, други пишуваат скандалозни постови на социјалните мрежи од типот дека „убиената сама си го барала“.

„Малце ѝ биле 40 убоди, барем 80 да ѝ направел.. Жена, мајка на три деца, во врска..Ах, бе“..коментира еден корисник на „Фејсбук“.

Друг се надоврзува и пишува: „Мајка ѝ ја барала со три деца да бара швалер.. Па уште да се снима при однос со него“..

Принтскрин од коментарите објави и инфлуенсерката Ина Многуфина, прашувајќи дали ваквите лица некогаш ќе одговараат за своите постапки.

Инаку, граѓанските организации кои работат на заштита и поддршка на жртвите од семејно насилство, особено жените, нагласуваат дека надлежните институции тешко ги препознаваат заканите и можните последици.

Следни Објави

Ова е монструмот кој со над 40 убоди ја уби Танкица: Потресно сведоштво

„Танкица беше скромна личност, мирна, послушна. Си го гледаше семејството, има три деца кои се полнолетни, две ќерки и син кои живеат одделно, возрасни се, има мајка. Ова што се случи можеше да се спречи, ако институциите реагираа на време и ја сфатеа сериозно кога го пријави Усеин во полиција..“ […]