fbpx

Штипјани се простуваат од Весна: Беше насмеана дури и во најтешките моменти

На 57-годишна возраст почина Весна Крстева, главен уредник на Канал 77.

Крстева имаше речиси тридецениска плодна радиска кариера. Ќе остане препознатлува по циклусот емисии Судбо, моја судбино“, формат преку кој откриваше луѓе со исклучително интересни животни приказни.

Беше вљубеник во литературата, извонредно ги паметеше настаните и луѓето и често се шегуваше дека во пензионерските денови ќе се посвети на славните жители на штипско Ново Село, каде живееше.

„Секој кој ја познаваше лично, знаеше дека беше најпозитивниот човек, насмеана дури и во најтешките моменти. И ова не е фраза. Избираше да го гледа доброто кај луѓето, така и живееше. Свртена кон своите професионални обврски и желбата за што подобра иднина на семејството, кон своите две деца, кои пораснаа во прекрасни личности“, пишуваат нејзините колеги од „Канал 77“.

Весна знаеше да каже „Ај па ти, има и потешко“, да одмавне со рака и да сврти нов лист. Да даде нова енергија и оптимизам и така до последниот ден, велат тие.

Следни Објави

Утре е тежок празник и строг пост: Не правете го ова на Крстовден!

Воздвижение на Чесниот Крст (Крстовден) е празник на пост и покајание. На Крстовден се прави аџилак пред Светиот крст. По страдањата на Спасителот крстот станува жртвен знак на спасението и откуп на гревот. Крстот отелотворува жртвенa љубов, победата над злото, припадноста кон христијанството. Според народните верувања од Крстовден започнува есента. […]