fbpx

Каде исчезна Олгица Христовска? (ФОТО)

Чашата е преполна, ме задушува.. Душата е уморна и ме напушта..

Овие стихови ги препознава целата македонска јавност, а автор на музиката на овој безвременски хит е нашиот прерано починат музичар и шоумен Драган Вучиќ.

Интерпретацијата на Олгица Христовска на оваа макфестовска победничка тема нема цена, а актерката и пејачка потоа како преку ноќ да исчезна од сцената.

Олгица е „скарана“ со социјални медиуми, па публиката многу малку знае за нејзиниот живот, особено откако престана да снима нова музика, а во 2007 година одлучи да се повлече и од театарот.

За време на корона-пандемијата имаше кратко медиумско експонирање кога сними карантинска верзија на хитот што ѝ ја обележа кариерата.

„Снимањето на видеото во спомен на Драган, ми беше втор ваков тежок момент. Првиот беше пред повеќе години, кога веднаш по смртта на мој колега морав да играм во претстава, и ова сега, кога по веста за заминувањето на Драган, заедно со моите пријатели музичари, решив да пеам пред камера. Неговото заминување на сите ни падна многу тешко. Едноставно, не беше спремен да си оди, многу рано замина, многу бргу се случи сѐ. Јас уште не можам да поверувам дека тоа е реалноста“, раскажа Христовска за „Фокус“.

Тогаш изјави дека не е исклучена можноста пак да се врати на сцената, но и дека повлекувањето било нејзин избор кога ја добила ќерката, па решила комплетно да се посвети на мајчинството.

Христовска во 2006 година се омажи за поранешниот заменик министер за транспорт и врски, Дејан Кошутиќ, по четиригодишно заедничко живеење.

Следни Објави

Тага! Почина познатиот актер, колегите се простуваат од Ненад

На 53-годишна возраст почина Ненад Цветко, актерот на Драмскиот театар Гавела. Пред две години случајно откри грутка на вратот, откако во еден момент останал без глас. Тогаш му беше дијагностициран рак на главата и на вратот и храбро се бореше против болеста до последен здив, пишуваат регионалните медиуми. „Во времето […]