fbpx

Уморна сум да барам нешто што Бог не ми го дава: Петти неуспешен обид за потомство на македонската писателка

Младата македонска писателка и текстописец Ксенија Николова објави фотографија од болница и на своите следбеници им откри дека и петтиот обид за вонтелесно оплодување ѝ бил неуспешен.

Николова вели дека тоа е болно, тешко и неверојатно мачно да се прифати, но дека сака јавно да го сподели за да посочи нешто што го сфатила по соопштувањето на новите неубави вести.

„Уморна сум, уморна од туркање да добијам нешто што Бог не ми го дава. Не знам зошто е тоа така, можеби има нешто што треба да се измени, да биде поинаку, може не е вистинското време, не е вистинското место. Но, сигурна сум дека Бог го знае патот најдобро, сигурна сум дека тој има поголем план за целата оваа ситуација. Затоа, против Божјата волја не треба да се оди и некогаш треба да се помириме со реалноста за да ја промениме и да добиеме нова реалност“, пишува таа во трогателната објава.

Николова е сигурна дека со причина го оди потешкиот пат. Сепак, нагласува дека останува среќна индивидуа и жена полна со енергија.

„Тоа е основата на сѐ што правам. Сите овие нешта се можеби само околности, кои во други приказни и не би постоеле“, завршува таа.

Следни Објави

Никој не го уби детето: Конечно вистината за Кико, се огласи д-р Лазаров

Кико почина од генетско заболување кое оневозможув поправка на DNK, во светот нема преживеан, има неколку регистрирани случаи на преживување до 30 и некоја година кај еден поддтип на болеста, но најчесто животен век е до 24-25 со добра грижа и нега. Се работи за брзопрогредирачко заболување за кое не […]