fbpx

Тага! Почина познатиот актер, колегите се простуваат од Ненад

На 53-годишна возраст почина Ненад Цветко, актерот на Драмскиот театар Гавела.

Пред две години случајно откри грутка на вратот, откако во еден момент останал без глас. Тогаш му беше дијагностициран рак на главата и на вратот и храбро се бореше против болеста до последен здив, пишуваат регионалните медиуми.

„Во времето кога требаше да црпам од енергијата што ја немав, паднав на 35 килограми. Ефектите од зрачењето и хемотерапијата сè уште делуваат. Дури и сега, по три месеци, тие се’ уште не се обработени во мојот организам. Во суштина, да чукнам во дрво, сè остана позитивно“, изјави тој минатата година кога минуваше низ процесот на хемотерапија и се надеваше на добар исход од третманот.

Домашната публика го памети по улогите во сериите „Стипе у гостима“, „Одмори се, заслужио си“ и „Ларин избор“, а глумеше и во филмовите „Ти мене носиш“ и „Народни херој Лилјан Видиќ“.

Следни Објави

Сакаа крв, месо.. Весна Бејби раскажува за најмрачниот период во животот

На денешниот Светски ден за заштита на менталното здравје актерката Весна Петрушевска се огласи на социјалните мрежи и се потсети на еден од најмрачните периоди од својот живот. Таа сподели извадок од нејзината автобиографска книга „Трофеј“ нагласувајќи дека секогаш се вознемирува на овој дел од четивото. Нејзината исповед ви ја […]