fbpx

Четири пати се женеше, поради ова немаше деца: Легендарниот актер криеше голема тага

Никола Симиќ, легендата на југословенскиот театар, почина во 2014 година, а ќе остане запаметен по маестралните улоги кои ги одигра.

Важеше за актер кој љубоморно го чува својот приватен живот и не сакаше да зборува за своето семејство.

Во едно од ретките интервјуа кои ги даде зборуваше дека заљубувањето го смета за важен дел од животот.

„Психолозите велат дека доаѓа момент кога човек посакува да го промени својот начин на живот. Треба да имате храброст. Се разбира, тоа го знам од прва рака“, изјави ѕвездата на „Тесна кожа“.

Во една прилика се осврна на најтажните моменти во животот, кога поради природата на работата не можел да тагува по родителите.

„Требаше да имате храброст да ја играте „Дунда“ во Дубровник онаа вечер кога ми кажаа дека татко ми починал. И никој не го знаеше тоа. Требаше да имате храброст и да ја играте „Буба“ на 30 декември, а мајка ви да ја закопате на 29“, изјави Симиќ кој и покрај сите таги во животот, секогаш го чуваше ведриот дух.

По неговата смрт во медиумите се пишуваше дека зад себе ги оставил ќерката Ана и внуците Исидора и Сара. Самиот актер зборуваше за своите внуки, гордо посочувајќи дека и тие се заинтересирани за глума. Сепак, неговиот внук Ненад тврди дека Никола немал биолошки деца.

„Никола немаше ни ќерка, ни внуци. Ана е ќерка на неговата последна сопруга Снежана. Тој беше добар со неа, но не ѝ е татко. Кога бил млад, на Никола му пукнало слепото црево, добил сепса, која тогаш се нарекувала туберкулоза на желудникот, и бил третиран со зрачење, по што останал стерилен и не можел да има деца“, раскажа Ненад.

И внукот на Никола изјави дека актерот се женел четири пати и дека ги сакал жените, а медиумите шпекулираат дека Симиќ кон крајот на животот бил во врска со 42 години помлада актерка.

На Симиќ му беше дијагностициран рак на простата, а по операцијата имаше компликации со мочниот меур, по што починал на 9 ноември 2014 година, на 80-годишна возраст.

Следни Објави

Без неа естрадата веќе не е иста: Си го погреба целото семејство, пејачите го тешат

На денешен ден пред две години почина легендарната текстописка Марина Туцаковиќ. Имаше 67 години. Нејзиниот сопруг, познатиот композитор Александар Фута Радуловиќ, го посети нејзиниот гроб. За овој човек нема утеха. Си го погреба целото семејство. Во 2008 година го погреба синот Милош, а на крајот од минатата година засекогаш се […]