fbpx

Збогум, легендо! Почина Мето Јовановски

На 77 години почина доајенот на македонскиот театар, актерот Мето Јовановски.

Веста за смртта на Јовановски ја потврдија од Драмски театар.

Јовановски беше роден во 1946 година во с. Панчарево, Пехчевско. Во 1971 година завршил Театарска академија во Софија, Бугарија и истата година се вработил во Драмскиот театар во Скопје. Неговата глумечка кариера започнала на сцената на Народниот театар во Штип, каде настапувал уште пред да се запише на студиите. Оттогаш, за многу кратко време, Јовановски се истакнал како еден од водечките драмски уметници во Македонија. Работеше и како професор по актерска игра на Универзитетот за аудиовизуелни метности во Скопје

Јовановски имаше исклучителна улога во театарскиот живот во Македонија, а негова последна престава во Драмски театар беше „My name is Goran Stefanovski“. Играше во над 60-тина филмски и телевизиски наслови: „Најдолгиот пат“, „Македонскиот дел од пеколот“, „Црвениот коњ“, „Пред дождот“, „Тетовирање“, „Време води“, „Пресуда“, „Оловната бригада“.

За своите театарски, филмски и телевизиски актерски остварувања ги има добиено највисоките државни награди „Свети Климент Охридски“, „11 Октомври“ и „13 Ноември“.

Следни Објави

Сергеј проговори за Лила: Еве зошто од најдобри другари станаа непријатели

Македонскиот стилист Сергеј Варошлија во поткастот на јутјуберот Стефан Лазаров првпат во детали јавно проговори за својот однос со Лила Филиповска. Варошлија и познатата водителка и инфлуенсерка во јавноста се прикажуваа како најдобри другари, но по апсењето на шоуменот и бизнисмен Бојан Јовановски тие престанаа да комуницираат. На прашањето на […]