fbpx

Мало ангелче, си замина засекогаш: Почина 14-годишниот Лука

Лука се бореше со тумор на коските кој му беше дијагностициран по повреда на тренинг

Почина четиринаесетгодишниот Лука Петровиќ Јовановиќ, момчето кое го обедини целиот регион и за кого се собираа донации.

Нему во 2020 година му беше дијагностициран тумор на коските. За жал, не ја доби најважната животна битка, соопштија членовите на неговото семејство.

„По долга борба нè остави нашето храбро момче, ангелче.. Беше чиста душа! Малото срце престана да чука. Пред тебе беше детството, другарувањето, младоста за која сите храбро се боревме да ја победиш болеста и да живееш среќно со твоите врсници. Мало ангелче, си замина засекогаш. Остави тага, болка, спомени од прекрасно храбро момче.. Нема никогаш да те заборавиме, почивај во мир ангелче“, пишува роднина на Лука во потресната порака што ја сподели на социјалните мрежи.

Лука минатата година замина на лекување во Турција, а семејството го снајде уште една несреќа. Додека тој се лекуваше, им изгоре куќата.

На трети февруари 2020 година му беше дијагностицирана тешката болест по повреда што ја здоби на тренинг.

Лука е роден на 03.04.2008 година во Италија. Беше одличен ученик и тренираше за ОФК „Осипаоница“. Беше член на КУД „Вук Караџиќ“. Најблиските го опишуваат како живо и секогаш насмеано момче.

Следни Објави

Народот се обедини, но неговото срце не издржа: Почина Кико

Почина Кристијан Коцев-Кико од карбинското село Долни Балван. Момчето кое ја обедини Македонија и за кое за само четири дена се собраа донации од 50.000 евра за негово лекување ја загуби најважната животна битка. Неговата здраствена состојба нагло се влоши пред два дена кога во приватна болница му откажа дишењето […]