fbpx

Нè смееше до солзи, сега нè растажи со солзи.. Сите се простуваат од Војче Китаноски

Почина легендарниот македонски хуморист Војче Китаноски.

Веста за неговата смрт на социјалните медиуми ја објавија повеќе познати личности, меѓу кои и Драгица Стевковска, популарната Драгче од ТВ-екраните.

„Ти не’ смееше до солзи, сега не’ растажи со солзи.. Почивај во мир Војче Китаноски“, напиша таа.

Познатиот хуморист, сатиричар и имитатор 50 години беше активен на нашата сцена.

Војче дипломирал на Шумарскиот факултет во Скопје, а подоцна и на туризам по желба на неговите родители. Од 1985 до 1991 година соработувал со легендарниот српски пејач Тома Здравковиќ и гостувал на стотици негови концерти на просторите на некогашна Југославија. По игра на случајноста, во 1983 година во Штип, менаџерот на Мики Јевремовиќ го ангажирал да гостува на сите десетина концерти на познатиот пејач во Македонија, што за него била голема отскочна штица. Подоцна Мики го ангажирал да го придружува и на концерти низ поранешна Југославија и на некој од нив го забележал менаџерот на Тома Здравковиќ.

Китановски секогаш истакнуваше дека само хуморот е најдобра вакцина и спас од вирусот.

Следни Објави

Забегано, до срж забегано..

Не е проблемот во свадбата на син му на Мијалков, сиот раскош таму и Цеца како специјален гостин…не се проблем ниту потрошените пари, сопствени или туѓи, крадени, од народот. Проблемот кај овој народ е воодушевувањето! Тоа болно, шизофрено обожување и глорифицирање на криминалци, клептомани, крадци, дилери, насилници и лажговци. Тој […]