fbpx

Забегано, до срж забегано..

Не е проблемот во свадбата на син му на Мијалков, сиот раскош таму и Цеца како специјален гостин…не се проблем ниту потрошените пари, сопствени или туѓи, крадени, од народот.

Проблемот кај овој народ е воодушевувањето!

Тоа болно, шизофрено обожување и глорифицирање на криминалци, клептомани, крадци, дилери, насилници и лажговци. Тој суров факт дека на 80% од овој народ всушност Мијалкови и таквите како нив им се идоли!

Видете ги само гостите, “ѕвездите” таму, видете ја само гордоста на нивните лица. Пола естрада, бизнисмени, глумци, манекенки и политичари. Па тие доживуваат оргазам, тие блажени насмевки на сликите се само поради фактот што се таму, присутни, што се поканети, што некој се сетил на нив…

Мајндсетот е сјебан…

Неповратно!

Еј, каква иронија, да молиш да клечиш пред оние кои ти ги бркаа родителите од работа, пред оние кои ти ги избркаа браќата и сестрите во туѓина, оние кои ја уништија државата, домот, иднината на цели поколенија…

И зошто?

Имале пари, имоти, скапа облека, коли, моќ…

И не е само Мијалков, и не се само гостите на таа свадба…

Да клечиш горд и насмеан онаму каде не вреди ни мрсул да фрлиш.

Да се гордееш со фактот што немаш достоинство!

Забегано, до срж забегано…

Фејсбук-статус на Мартин Јованоски

 Објавите во рубриката „Мислења“ се без новинарска интервенција и се независни од уредувачката политика на „Мастило.мк“

Следни Објави

Полицијата пристигнала во неговиот дом: Нови детали за смртта на Војче Китаноски

Познатиот македонски хуморист, сатиричар и имитатор Војче Китаноски почина на 68 години. Се’ уште нема официјални податоци за тоа што точно се случило, но се огласи неговата блиска пријателка, пејачката Вики Среброва. Таа за ,,Фокус” изјавила дека од она кое засега го знаат полиција денеска отворила во неговиот дом и […]